Достапни линкови

Јапонија нема да преговара со Кина за спорните острови


Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изјави дека неговата земја нема да преговора со Кина околу спорните ненаселени острови во Источно кинеското Море. Овие острови сега се под контрола на Јапонија, но свое право на нив полагаат и Кина и Тајван. Одлуката Токио да ги купи островите од приватни јапонски сопственици предизвика протести во Пекинг и бојкот на јапонски производи во Кина. Во близина на островите често пати доаѓа до блиски средби меѓу воените сили на двете земји.
XS
SM
MD
LG