Достапни линкови

logo-print

Нуланд: му помагаме на Нимиц


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

„Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе бидат во можност да најдат заемно прифатливо решение за прашањето за името и оти ќе ги искористат напорите на амбасадорот Метју Нимиц да постигнат напредок“. Ова го изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Викторија Нуланд на редовниот брифинг во Вашингтон, во врска со посетата на специјален претставник на ОН за спорот со името Метју Нимиц на Македонија и Грција. Запрашана за улогата на американските дипломати во Скопје и Атина во овој процес, Нуланд изјави дека Соединетите држави отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц. „Кога од нас ќе побара да помогнеме, тогаш ние се обидуваме да бидеме корисни. Ги следиме неговите патувања и со нетрпение очекуваме да го слушнеме“ изјави Нуланд.
XS
SM
MD
LG