Достапни линкови

Најкрвавиот ден во Пакистан во изминативе години


Во експлозија која ја предизвикале сепаратистичките милитантни групи убиени се 115 лица. Тоа е исходот од вчерашниот најкрвав ден во последниве години во Пакистан. Најкрвавите напади се случија во Куета, главниот град на југозападната провинција Балочистан. Повеќе од 80 лица загинаа само во двете координирани екслозии предизвикани од бомбаши самоубијци и од експлозија на автомобил насочени кон шиитското малцинство. Претходно, 11 лица загинаа во нападот насочен кон безбедносните сили во Куета.
XS
SM
MD
LG