Достапни линкови

Лустрирани писател и директор на училиште


Комисијата за лустрација денеска утврдила дека познат писател и поранешен член на Советот за радиодифузија и добитник на највисоки книжевни награди, како и еден директор на училиште во Кичево биле соработници на тајната полиција. Писателот, според лустраторите, бил на линија со службите во поранешниот систем, следел свои колеги и други уметници кои ширеле македонски национализам и сепаратизам, а со својот ангажман завршил кога заминал да работи надвор од државата. Директорот од Кичево соработувал во периодот на плурализмот, земал и пари за своите услуги, а следел албански националисти.
XS
SM
MD
LG