Достапни линкови

logo-print

Условни казни за сите 57 обвинети во случајот Бришач


Илустрација: Изложба на цртежи на деца од градинката Пролет на тема - „Полицаецот е нашиот најдобар пријател“.

Илустрација: Изложба на цртежи на деца од градинката Пролет на тема - „Полицаецот е нашиот најдобар пријател“.

Сите 57 обвинети во случајот Бришач се осудени на условни затворски казни. Најмалата изречена казна е три месеци затвор, заменета со условна од една година, а најголемата казна е две години затвор, која ќе се изврши ако во рок од 5 години осудениот стори друго кривично дело. Осудените се полициски службеници односно раководители на увидни екипи на МВР при Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди, како и виши крим-техничари за сообраќај. Тие се осудени за местење сообраќајки кои не се случиле, правење лажни извештаи за наводните сообраќајки за да им биде исплатена отштета од осигурителните компании.
XS
SM
MD
LG