Достапни линкови

Споменикот на ОВПМБ во Прешево е внатрешна работа на Србија


Споменикот на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац во Прешево.

Споменикот на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац во Прешево.

Проблемот со споменикот на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац е внатрешна работа на Србија и не треба да се поврзува со дијалогот Белград-Приштина, изјави за Тајнуг, Маја Коцијанчич, портпаролка на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Таа одби да ги демантира или потврди медиумските пишувања дека премиерот на Србија Ивица Дачиќ побарал од Ештон да посредува во овој проблем, но истакна дека проблемот на споменикот во центарот на Прешево никако не треба да се повзрува со дијалогот Белград-Приштина.

Во Брисел утринава почна нова рунда од овој дијалог на ниво на работни групи, додека на 17 јануари се очекува средбата Дачиќ-Тачи во кабинетот на Ештон.
XS
SM
MD
LG