Достапни линкови

Празнични концерти - тренд или промовирање на уметноста?


„Божиќен концерт“ на камерниот оркестар „Скопски солисти“

„Божиќен концерт“ на камерниот оркестар „Скопски солисти“

„Скопски солисти“ во вторникот ја кренаа преполната Универзална сала на нозе. Македонската опера и балет по продадениот прв концерт за празникот Василица закажаа и втор во недела навечер. Станува збор само за следење на комерцијалните светски трендови наменети на елитите или за промовирање на класичната музика, уметноста воопшто и уште повеќе за враќање кон вистинските вредности?

Празничните, или ако милувате наменските концерти, се играње на сигурна карта кај публиката и од страна на уметниците и посебно кај нивните организатори. Од таму нималку нечуди што „Божиќниот концерт“ на камерниот оркестар „Скопски солисти“ со популарна програма и Нацоски и италијанската оперска дива Таламанка помина спектакуларно, а што безмалку како алва се продаваат влезниците за претстојните два концерта за Василица што во деновиве од викендот ќе се одржат во МОБ и на кои, по повод 200 години од раѓањето на големиот Џузепе Верди, оркестарот и солистите ќе изведат популарни арии, дуети, хорски делници и увертири од неговите опери.
Тие секако можат да придонесат кон популаризација на класичната музика, но не би смееле да одат на штета на спуштање на прагот на она што треба да значи уметност. Се забележува и доза на обиди за елитизам со маркетингшка пренагласеност на настанот и со подигање на цените на билетите, но и тука сме исти како и останатите во светот.

Станува ли збор само за следење на комерцијалните светски трендови наменети на елитите или за промовирање на класичната музика, уметноста воопшто и уште повеќе за враќање кон вистинските вредности?

Билјана Николовска, музички новинар во Македонското радио – Радио Скопје, забележува дека ваквото приклучување на институциите кон комерцијализацијата во негувањето на концертниот живот, кај проследувачите ја провоцира дилемата дали се работи за декаденција на вистинските вредности или пак начин за приближување на класиката кон поголем број слушатели.

„Треба да се негуваат вистинските вредности, меѓутоа и ова е еден интересен начин за да се презентира едно дело пред пошироката јавност.“
Овде се работи за некоја, барем кај нас, лажна елита која што ги посетува тие таканаречени „концерти во духот на некој празник“. Можеби од нивната посетеност ќе се роди кај неколкумина желба за слушање на класична музика, но тоа не е константно правило.

Бранка Костиќ – Марковиќ, музички уредник во телевизија „Телма“, вели дека без разлика дали станува збор за комерцијален концерт насочен кон поширок аудиториум или за некомерцијален посветен пред се на професионална и доброупатена публика, треба да се говори за моментот дека има или нема уметност, постои или отсуствува квалитет во програмата или во изведбата. Таа истакнува дека и нашава земја е во чекор со светот, така што и националните оркестри и етаблираните солисти и камерни ансамбли, традиционално посветуваат внимание на овој вид на приредби.

„Тие секако можат да придонесат кон популаризација на класичната музика, но не би смееле да одат на штета на спуштање на прагот на она што треба да значи уметност. Се забележува и доза на обиди за елитизам со маркетингшка пренагласеност на настанот и со подигање на цените на билетите, но и тука сме исти како и останатите во светот.“

Музикологот Тина Иванова, пак, смета дека ваквите наменски настани со пригодна програма не се добар старт за да се научи публиката да оди на останатите концерти во филхармонијата или во операта и да стане нивен редовен посетител.

„Овде се работи за некоја, барем кај нас, лажна елита која што ги посетува тие таканаречени „концерти во духот на некој празник“. Можеби од нивната посетеност ќе се роди кај неколкумина желба за слушање на класична музика, но тоа не е константно правило.“

Таа истакнува дека прашањето како да се научи публиката да оди на концерти на класика е многу широко и дека зависи од многу аспекти кои не го допираат моментот дали празничните приредби ја привлекуваат јавноста да посетува концерти на сериозна музика затоа што музиката не е само забава.

„За слушање на класична музика, за посетување на тие концерти редовно, односно за да постои желба за осознавање во оваа област, потребно е добро образование, домашно воспитание и добра стратегија во културната политика.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG