Достапни линкови

Повторно судење за поранешен грузиски министер


Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окруашвили пред суд во Тбилиси.

Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окруашвили пред суд во Тбилиси.

Апелациониот суд во Тбилиси ја поништи затворската казна од 11 години за поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окруашвили. Тој во отсуство беше осуден за примање мито во 2008 година. Окруашвили ги негираше обвинувањата и ја напушти Грузија во 2007 година за да го избегне судењето. Тој беше уапсен во ноември минатата година кога пристигна во Тбилиси, откако помина пет години во Европа. Грузиското обвинителство во вторникот соопшти дека ги повлекува обвиненијата за злоупотреба на функцијата и за нелегални бизнис активности против него. Окруашвили сепак останува во притвор зашто се соочува со уште две обвиненија – за небрежност и за формирање нелегална вооружена група. Тој се врати во Грузија два дена откако новата влада поведе истрага против неколку фунцкионери од Министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG