Достапни линкови

Кацин - Србија мора да ги почитува договорите за сукцесија


Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска рече дека Србија би требало да го почитува договорот за сукцесија и укажа на примерот на Хрватска на која и се заканува блокада за зачленување во ЕУ поради непридржување на договорот со Словенија.

Кацин ја критикуваше иницијативата од Кабинетот на претседателот Томислав Николиќ да се преиспитаат договорите за сукцесија кои Србија ги потпишала со поранешните југословенски републики за распределба на имотот на некогашната сојузна држава.
XS
SM
MD
LG