Достапни линкови

Ставрески кај моторџиите - поевтинува зелениот картон за мотоцикли


Прес-конференција на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на мотоциклистичката федерација на Македонија Ленин Јовановски.

Прес-конференција на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на мотоциклистичката федерација на Македонија Ленин Јовановски.

Цената на зелениот картон за една година за мотоцикли ќе се намали од сегашните 5.500 на 1.850 денари. Ова, како што изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, е одлука на Владата од вчерашната седница, а на барање на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

„Сите оние што го гледале култниот филм „Изи рајдер“ со Питер Фонда и онаа сцена на почетокот со „чоперот“ знаат дека приказната на моторџиите и моторите е приказна за слобода на движењето, големи пространства и далечини. Во таа насока е и последната одлука на Владата“, рече Ставрески.

Од оваа мерка, според него, ќе имаат корист над 15.000 моторџии колку што се регистрирани во Македонија.
XS
SM
MD
LG