Достапни линкови

logo-print

Половина од храната произведена во светот се фрла во ѓубре


Илустрација.

Илустрација.

Половина од храната што се произведува во светот се фрла во ѓубре. Според истражувањето на британскиот институт за машинско инженерство, се работи за околу две милијарди тони храна годишно. Според истражувањето, неверојатното количество фрлена храна се должи на непотребно строгото ограничување на датумот на употреба, специјалните понуди „купи едно – добиј едно гратис“ и на пребирливоста на западните купувачи. Вина се бара и во „слабите инженерски и земјоделски практики“, лошата инфраструктура и несоодветните складишта. Истражувањето покажало дека 30 отсто од зеленчукот произведен во Велика Британија воопшто не се бере поради неговиот физички изглед.
XS
SM
MD
LG