Достапни линкови

logo-print

Српската Влада ја објави предлог-резолуцијата за Косово


Влада на Србија

Влада на Србија

Владата на Србија вчера на Собранието му предложи донесување резолуција по итна постапка со основна премиса Србија, во согласост со меѓународното право, Уставот и волјата на граѓаните никогаш да не ја признае еднострано прогласената независност на Косово.
Владата на Србија го објави текстот на Предлог-резолуцијата, а Собранието за овој документ би требало да расправа во сабота.
Во образложението на Предлог резолуцијата се наведува дека „основниот стремеж за време на продолжувањето на разговорите со претставниците на привремените институции на самоуправата во Приштина треба да биде постигнување на сеопфатно решение, а сите поединечни договори во согласнот со целите на државната политика утврдена со оваа резолуција“.
Србија посебно инсистира на воспоставување на Автономна заедница на српските општини на Косово, воспоставување на специјален статус за селски енклави во кои Србите и другото неалбанко население се мнозинство, воспоставување на посебен договорен однос меѓу СПЦ и ПИС во Приштина, како и во Уставот на Косово да биде предвидена трајна гаранција за враќање на раселените.
Во предлог-резолуцијата се вели дека Србија низ преговори ќе се стреми за изнаоѓање договорно сеопфатно решение за Косово, како и тоа дека е „подготвена да направи и дополнителни чекори заради надминување на моменталната состојба во односите меѓу српското население и албанскиот народ“.
XS
SM
MD
LG