Достапни линкови

Македонија е умерено слободна економија, најдобро рангирана во регионот


Fragment of the Heritage Foundation economic freedom raiting.

Fragment of the Heritage Foundation economic freedom raiting.

Македонија е на 43 место од вкупно 177 земји на листата на индексот на економски слободи за 2013 година и е најдобро рангирана од земјите во регионот.
Според денеска објавените резултати од годишното истражување што го прави американската фондација „Херитиџ“ и весникот „Волстрит џурнал“, Македонија се наоѓа во групата на главно умерено слободни економии. Во оваа група се земјите рангирани од 36. до 79. место.
По Македонија следи Албанија која е на 58 место, Бугарија на 60, Турција на 69, Црна Гора на 70, Словенија на 76, Хрватска 78, Србија 94 место и БиХ 103. Грција со 55,4 индексни поени е на 117 место и е најлошо рангирана од земјите во регионот. Косово не е вклучено во листата.
Како што е посочено, со 68,2 индексни поени и 43. место Македонија бележи умерено опаѓање во однос на претходната година за 0,3 поени. Опаѓање има во монтерните слободи, слобода од корупција и слобода на пазарот на трудот. Забележани се и мали подобрување во контролата на владините трошоци и слободата во трговијата.
XS
SM
MD
LG