Достапни линкови

Нимиц со „идеите“ од Атина доаѓа во Скопје


Медијаторот на ОН за разликите околу името Метју Нимиц денеска треба од Атина да допатува во Скопје. Се очекува Нимиц на македонскиот државен врв да му презентира идеи за надминување на спорот.
Нимиц во Грција вчера имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на која презентирал идеи за кои разговарале во детали. По средбата тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името.
Тој изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.
XS
SM
MD
LG