Достапни линкови

logo-print

Избран косовски претставник во Белград


Kosovo -- A worker operates machinery to extract marble at a mine operated by locals near the village of Astrazub, 05Sep2012

Kosovo -- A worker operates machinery to extract marble at a mine operated by locals near the village of Astrazub, 05Sep2012

Амбасадорот на Косово во Шведска и Љулзим Печи вчера се согласи да биде именуван за претставник на Косово во Србија, јавуваат косовските медиуми. Таквата одлука е донесена синоќа по средбата на Печи со министерот за надворешни работи Енвер Хоџа. Претходно за местото дипломатски претставник во Белград во медиумите се вртеа имињата на амбасадорот на Косово во Македонија Илбер Хиса, амбасадорот во Брисел Илир Дугови и абмасадорката во Унгарија Шкендија шерифи Гечи. Во Приштина е најавено дека претставникот на Косово во Белград ќе има дипломатски имунитет и дека ќе ги ужива сите права кои што ги имаат амбасадорите. Се очекува во следните неколку дена премиерот Хашим Тачи да го именува Печи на оваа должност.
XS
SM
MD
LG