Достапни линкови

Роднините на Папаконстантину негираат, не биле вмешани во скандалот „списокот на Лагард“


Поранешниот грчки министер за финансии Јоргос Папаконстантину

Поранешниот грчки министер за финансии Јоргос Папаконстантину

Роднини на поранешниот грчки министер за финансии Јоргос Папаконстантину, кој е вмешан во скандалот околу „списокот на Лагард“, демантираа дека се инволвирани во случајот. Тие вчера дадоа изјави пред финансиските обвинители во својство на „осомничени“. Скандалот со списокот на лица со сметки во филијала на швајцарска банка избувна откако од него беа избришани имињата на роднините на тогашниот министер за финансии Папаконстантину. Списокот беше испратен од Париз во 2010 година. Јоргос Папаконстантину негираше дека го изменил списокот и тврди дека е жртва.
XS
SM
MD
LG