Достапни линкови

Временска прогноза - облачно и студено


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе има зголемување на облачноста,во западните делови на земјата ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус три, а дневната од еден до шест степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со утринска температура до минус девет, а дневната до три степени.

Во петок ќе има покачување на температурата. Повторно се очекуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, особено врнежи ќе има во западните делови од земјава. Во сабота, пак, од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе овозможи на некои пониски места особено во северните делови од земјава да има врнежи од снег. Врнежите ќе бидат особено застапени во утринските и претпладневни часови кои во текот на денот ќе престануваат. Затоплување се очекува повторно од недела.
XS
SM
MD
LG