Достапни линкови

Партиите на Албанците во Македонија не се за бојкот на изборите


Архивска фотографија: Лидерите на опозициските албански политички партии Мендух Тачи(ДПА) и Руфи Османи(НДП)

Архивска фотографија: Лидерите на опозициските албански политички партии Мендух Тачи(ДПА) и Руфи Османи(НДП)

ДУИ застана на страната на власта и оцени дека одлуката на СДСМ не е вистинскиот начин за спроведување на политиките. НДП застана зад бојкотот на Собранието, но не и на изборите. ДПА, пак, не го поддржа ни едното другото.

Трите парламентарни партии на Албанците излегоа со ист став дека ќе учествуваат на локалните избори во март, но со различен во однос на одлуката на СДСМ да го бојкотира Собранието. ДУИ застана на страната на власта и оцени дека одлуката на СДСМ не е вистинскиот начин за спроведување на политиките. НДП застана зад бојкотот на Собранието, но не и на изборите. ДПА, пак, не го поддржа ни едното другото.
Недозволиво е една политичка партија, која и да е таа, да се интересира само за одреден тип на политички права, во случајов етнички, а да сметаат дека останатите процеси не ги засегаат нив.

Kолку овие партии треба да помогнат во надминување на политичката криза која настана меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Професор Здравко Савески вели дека политичките партии на Албанците, како и останатите, треба да ја преземат одговорноста за настаните кои се случуваат во нашата земја, бидејќи и тие се дел од нашето општество.
Архивска фотографија: Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи.

Архивска фотографија: Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи.


„Недозволиво е една политичка партија, која и да е таа, да се интересира само за одреден тип на политички права, во случајов етнички, а да сметаат дека останатите процеси не ги засегаат нив. Ако во Македонија има загрозување на демократијата тоа ги засега сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност.“
ДПА остана во собранието и ќе се бори за привлекување на гласачите со своите политики преку секојдневна критика на власта, со цел да се зголеми нивниот рејтинг и на следните избори наместо во опозиција да преминат во власт, што е нормално тежнеење на секоја опозиција, но тоа треба да биде институционално, не со создавање на политички кризи.

Според него, кога се работи за нарушување на демократијата, човековите права на сите може да бидат засегнати.

„Бидејќи реперкусиите се и за албанскиот електорат, албанските политички партии треба да земат поактивна политика улога во процесите кои се однесуваат на пошироките општествени и државни случувања.“

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, пак, вели дека нема зошто политичките партии на Албанците да се мешаат во политичката криза. Според него, тие повеќе се однесуваат како институционална власт и опозиција и ги прифаќаат одлуките на народот.

„ДПА остана во собранието и ќе се бори за привлекување на гласачите со своите политики преку секојдневна критика на власта, со цел да се зголеми нивниот рејтинг и на следните избори наместо во опозиција да преминат во власт, што е нормално тежнеење на секоја опозиција, но тоа треба да биде институционално, не со создавање на политички кризи.“

Од СДСМ најавија дека нема да се вратат во Собранието и побараа со локалните избори истовремено да се распишат и парламентарни, но само под услов претходно да се исполнат нивните барања за, како што велат, изборите да бидат фер и демократски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG