Достапни линкови

logo-print

Нема решение за загадениот канал Студенчишта


Водата во каналот Студенчишта во Охрид е загадена, а таму секојдневно тренерираат педесеттина млади едриличари.

Фекална вода која доаѓа од атмосферската канализација влегува во делот од каналот Студенчишта во Охрид каде секојдневно тренерираат педесеттина млади едриличари на возраст од 8 до 13 години се жалат од Едриличарскиот клуб од Охрид. Таа вода претставува сериозна опасност по здравјето на децата и според кажувањата на едриличарите се влева директно и во езерото. Иако е реагирано до сите надлежни институции проблемот се уште не е решен, вели Тодор Ропчев член на Едриличарскиот клуб.
„Кога има врнежи од дожд има излевање на огромни количини на фекалии, смрди целиот канал, а најлошо од се е што овде има голем број на деца кои учат едрење. Срамота е да има излевање на фекалии, бидејки може да дојде до заболувања и е извор на зарази. За среќа досега не се случило некој да се зарази, но сметаме дека е потенцијална опасност.

„Кога има врнежи од дожд има излевање на огромни количини на фекалии, смрди целиот канал, а најлошо од се е што овде има голем број на деца кои учат едрење. Срамота е да има излевање на фекалии, бидејки може да дојде до заболувања и е извор на зарази. За среќа досега не се случило некој да се зарази, но сметаме дека е потенцијална опасност“, рече Ропчев.

Проблемот кој е стар веќе пет години едриличарите се надеваат дека пред избори конечно ќе се реши

„ Луѓето кои што живеат овде велат дека водата доаѓа најверојатно од зградите во населбата Охридати, и од некоја надиво врзана цевка. Точно никој не сака кажи каде лежи проблемот. Реагираат ли родителите? Да реагираат но им објаснуваме дека сме реагирале секаде но повратен одговор немаме. Се надеваме дека пред избори или после избори ќе се реши проблемот“, рече Ропчев.

Ситуацијата е алармантна особено кога има поголеми врнежи од дожд кога доаѓа до ширење на неподнослива смрдеа.

„Проблемот остана нерешен, а секојдневно тренираат дечиња. Дали ќе имаат слух оние кои сакаат да бидат татковци на градот останува да видиме. Што се овде може да види овде? Прашајте што се не може да се види.Нема нешто што нема. За ова придонесува мешањето на фекалиите асо атмосферската канализација и доаѓа до избивање“, рече Стефан Момироски жител на Охрид.

Од Центарот за Јавно здравје во Охрид рекоа дека последните испитувања биле направени пред повеќе од половина година. Билo утврдено дека водата е од 4 категорија, поради влевањето на отпадни органски води.
XS
SM
MD
LG