Достапни линкови

Во ЕП утре нема да се разговара за суспензија на безвизниот режим


Известувачот за визна либерализација Тања Фајан.

Известувачот за визна либерализација Тања Фајан.

Комитетот за правда и цивилни работи на Европскиот парламент утре нема да расправа ниту ќе гласа за механизмот за суспензија на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан, изјавија за Танјуг од канцеларијата на известувачот за визна либерализација Тања Фајан. Од канцеларијата тврдат дека Советот за министри на ЕУ и Европскиот парламент не постигнале догвор за механизмот за привремено враќање на визниот режим за некои балкански земји. Фајон уште вчера изјави дека Комитетот на ЕП неделава нема да расправа ниту ќе гласа за механизмот за суспензија и оти преговорите за усвојување на тој механизам се уште траат.
XS
SM
MD
LG