Достапни линкови

Меркел - Кипар не може да очекува специјален однос


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Кипар, државата на ЕУ која преговара за кредитна спогодба со меѓународните кредитори, не може да очекува специјален однос, зашто, како што рече, „имаме заеднички правила во Европа“.

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас минатата недела изјави дека ќе
го отфрли евентуалното барање на кредиторите за приватизација на државните компании, како дел од условите од спасувачкиот пакет.

Германија е главен заговарач на барањата за строги услови во замена за спасувачките кредити. Меркел рече дека крајот на преговорите за кредитната помош на Кипар е далеку.
XS
SM
MD
LG