Достапни линкови

Јанкулоска - Омразата на СДСМ се проектира и кон институциите


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Личната омраза кон поединци се проектира кон институциите, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира барањата на опозицискиот „Сојуз на иднината“ предводен од СДСМ за смена на министрите за правда, за внатрешни работи и за финансии со личности кои со својот кредибилитет ќе гарантираат објективност на изборниот процес.

„СДСМ шест пати по ред од година во година трпи се покатастрофален пораз, не од министрите, туку од граѓаните кои не им ја даваат довербата единствено заради фактот што тие немаат никаква конкретна понуда, проекти и немаат резултати кои би ги презентирале од времето кога тие имале можност да раководат со државата“, рече Јанкулоска на денешната прес-конференција за полициската акција „Диригент“.
XS
SM
MD
LG