Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Или исполнување на условите или улица


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес конференција во седиштето на партијата.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес конференција во седиштето на партијата.

Нов формат на влада која заедно со локалните ќе организира и парламентарни избори е едно од барањата на опозициската СДСМ за излез од политичката криза во која се наоѓа земјата.

Локални само со парламентарни, а парламентарни само ако бидат фер и демократски, побара лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој соопшти дека на синоќешната седница на Централниот одбор било решено да побараат изборите да бидат организирани и спроведени од влада со кредибилитет и легитимитет добиен од сите партии застапени во парламентот. Според СДСМ, таквата влада би требало да е со мандат од распишување до завршување на изборите.
За остварување и операционализирање на овој план подготвени сме да отпочнеме преговори веднаш и во било кој формат со владејачките и останатите опозициони партии застапени во Собранието на Република Македонија. Доколку овие предлози бидат одбиени, ние нашата битка за слободата и демократијата, за правната држава и иднината на земјата ќе продолжиме да ја водиме со методите на улична демократија и сите видови на граѓански отпор, се до остварување на овие цели.

„Посебно е важно клучните ресори и институции да бидат раководени од личности кои со својот личен кредибилитет ќе гарантираат објективност. Тоа се министерот за правда, министерот за внатрешни работи, министерот за финансии и директорот на јавниот сервис МРТ.“

Црвенковски вели дека немаат конкретни предлози кои да бидат тие личности, туку тие теба да се најдат низ преговори. Верувам дека во Македонија има четворица луѓе зад кои сите ќе застанеме, рече Црвенковски. Како услови остануваат и измени на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДХР, како и прочистен избирачки список. Тој вели дека тоа се нивните услови за излез од политичката криза.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес-конференција во седиштето на партијата.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес-конференција во седиштето на партијата.


„За остварување и операционализирање на овој план подготвени сме да отпочнеме преговори веднаш и во било кој формат со владејачките и останатите опозициони партии застапени во Собранието на Република Македонија. Доколку овие предлози бидат одбиени, ние нашата битка за слободата и демократијата, за правната држава и иднината на земјата ќе продолжиме да ја водиме со методите на улична демократија и сите видови на граѓански отпор, се до остварување на овие цели.“

Црвенковски повтори дека пратенците на СДСМ и на Сојуз за иднината во овој состав на собранието, повеќе нема да учествуваат, освен ако се реализира политички договор за исполнување на неопходните предуслови за распишување на предвремени парламентарни избори.
Посебно е важно клучните ресори и институции да бидат раководени од личности кои со својот личен кредибилитет ќе гарантираат објективност. Тоа се министерот за правда, министерот за внатрешни работи, министерот за финансии и директорот на јавниот сервис МРТ.

После политичката криза која настана по настаните на 24 декември, ова е еден од нај здраворазумските одлуки на СДСМ, смета политичкиот аналитичар Јове Кекеновски.

„После оние ултимативни барања коишто беа претходно, ова е едно здраворазумско барање, кое мислам дека оди во прилог на сегашната ситуација во којa што се наоѓа премиерот Груевски. Според мои сознанија, тој и онака имал намера да прави реконструкција, сега ова му доаѓа, што би рекле коцкарите, кец на десетка.“

Но политичкиот аналитичар Алајдин Демири смета дека ВМРО-ДПМНЕ не се во состојба да ги прифатат барањата на СДСМ, затоа што тоа би значело дека ќе дозволат друг да им формира влада, а би значело и дека со менувањето на тие министри ќе признаат оти тие не работеле како што треба.

„Останува едно тактичко надмудрување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ тоа го прави затоа што нема што друго да прави, а ВМРО-ДПМНЕ си добива на цена и влегува како фаворит на овие избори.“

Што се однесува пак до кадарот на ДУИ, министерот за правда, Демири вели дека проблемот е ресорот, а не човекот.

„Министерот за правда не се ни слуша, дури и не финкционира како министер.“

Кекеновски вели дека ако се случи нов формат на влада, тоа нема да биде техничка влада, туку реконструкција.

„Не се сомневам дека тоа ќе бидат партиски луѓе, меѓутоа луѓе коишто имаат јасен став, свој идентитет и кои работите не ги гледаат така розово и така пристрасно како членовите на политичките партии.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG