Достапни линкови

Виетнамски активисти осудени за заговор против власта


Илустрација: Виетнам.

Илустрација: Виетнам.

Судот во Виетнам осуди 13 активисти на затворски казни од 3 до 13 години под обвинение дека ковале заговор за соборување на комунистичката власт. Меѓу осудените има членови на католичка организација, блогери и студенти. Тие беа обвинети за врски со опозициската организација Виет Тан со седиште во САД, која за владата е терористичка организација. Активистите за човекови права реагираат дека пресудите се дел од интензивирањето на кршењето на слободата на изразување од комунистичката влада.
XS
SM
MD
LG