Достапни линкови

logo-print

Сирија - размена на затвореници


Илустрација.

Илустрација.

Сириските бунтовници ослободија 48 Иранци во замена за ослободување на 2.130 затвореници. Во договорот посредуваше турската хуманитарна организација ИХХ. Државната турска новинска агенција Анадолија објави дека меѓу ослободените затвореници имало жени, деца и турски државјани. Бунтовниците, пак, соопштија дека Иранците што ги држеле во заробеништво се припадници на иранската Револуционерна гарда. Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи летоска призна дека дел од заробените се пензионирани припадници на иранската гарда. Техеран соопшти дека тие биле аџии. Иран е еден од главните поддржувачи на сирискиот режим, а според бунтовниците, Иранската револуционерна гарда активно им помага на владините сили во Сирија.
XS
SM
MD
LG