Достапни линкови

Молдавскиот премиер побара оставка од јавниот обвинител


Молдавскиот јавен обвинител Валериу Зубко.

Молдавскиот јавен обвинител Валериу Зубко.

Молдавскиот премиер го повика главниот јавен обвинител, кој е посочен дека убил човек за време на лов, да поднесе оставка. Мала анти-корупциска партија го осомничи главниот обвинител Валериу Зубко дека застрелал еден бизнисмен на лов минатиот месец. Премиерот Влад Филат изјави дека Зубко треба веднаш да се повлече и да ги отфрли сомневањата дека може да влијае на истрагата. Обвинителот ја напушти Молдавија по инцидентот што се случи на 23 декември. Во вчерашното соопштение тој тврди дека обвиненијата се лажни и имаат цел да го дискредитираат. Молдавското обвинителство соопшти дека не Зубко, туку апелациониот судија Георге Крету е главен осомничен во случајот.
XS
SM
MD
LG