Достапни линкови

Власи - Прешевската долина - ново потенцијално жариште


Азем Власи.

Азем Власи.

Косовскиот политичар и некогашен лидер на комунистичката младина на СФРЈ Азем Власи смета дека јужниот дел на Србија би можел да стане ново потенцијално жариште, бидејќи со заострување на односите со етничките Албанци во овој дел државниот врв на Србија ризикува голем судир, пренесува МИА.

„Кога станува збор за Прешевската долина, нека не сметаат дека тие таму со Албанците можат да прават што сакаат, а да не ризикуваат широк судир. Доколку таму ги „нападнат“ Албанците, тогаш тие не „нападнале“ сите нас! Тоа нека го знаат!“, рече Власи.

Тој смета дека Србија ги заострува односите со Албанците во јужниот дел од земјата, само затоа што тие го користат своето национално знаме и сакаат да имаат „споменик на албанските жртви“.

За Власи платформата за Косово е „уште еден беозбразлук и небулоза, која не сме имале можност да ја видиме уште од времето на Милошевиќ“, додавајќи дека поради тоа преговорите меѓу Белград и Приштина би можеле да прекинат.
XS
SM
MD
LG