Достапни линкови

Високиот трговски дефицит - долгогодишен проблем


Илустрација.

Илустрација.

Македонските фирми во првите 11 месеци во 2012 година увезле производи за скоро 5,9 милијарди долари, а извезле околу 3,645 милијади долари.

Трговскиот дефицит на Македонија од јануари до ноември во минатата година изнесува 2 милијарди 253 милиони и 619 илјади долари, според последните податоци на државниот Завод за статистика. Најмногу извезуваме благородни метали, преработки од нафта, производи од железо и облека, а во увозот најмногу се застапени платината, суровата нафта, рудите на никел и електричната енергија.
Премиерот, иако е дипломиран економист, дефицитот на Македонија го дефинира како позитивен дефицит, ова е небулоза. Тој го правда тоа дека сме имале голем увоз на опрема, што исто така не е точно, тој тоа тврдење не го поткрепува со податоци.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека трговскиот дефицит е голем за една мала држава како Македонија, но очигледно дека владата и премиерот Никола Груевски не се засегнати од бројката.

„Премиерот, иако е дипломиран економист, дефицитот на Македонија го дефинира како позитивен дефицит, ова е небулоза. Тој го правда тоа дека сме имале голем увоз на опрема, што исто така не е точно, тој тоа тврдење не го поткрепува со податоци, напротив независно од толкавите субвенции за земјоделието имаме пораст на увозот на змејоделски производи, а имаме пад на извозот на земјоделски производи.“

Според податоците на статистика, речиси двојно повеќе увезуваме отколку што извезуваме храна. Професорот на земјоделскиот факултет Борис Анакиев вели дека секогаш сме имале висок дефицит во трговијата со храна.
Немаме природни услови да произведеме конкурентно жито, конкурентна добиточна храна и месо, ја затворивме фабриката за шеќер и сончоглед исто не произведуваме.

„Затоа што немаме природни услови да произведеме конкурентно жито, конкурентна добиточна храна и месо, ја затворивме фабриката за шеќер и сончоглед исто не произведуваме.“

Анакиев додава дека Македонија во педесетите години на минатиот век била земјоделска земја, кога околу 60 до 70 насто од населението се занимавало со оваа дејност, а не сега.

„Ние имаме учество од 9 проценти на земјоделството во БДП-то, не сме земјодлеска земја кога имаме 11 отсто земјоделско население. За да се извезува прво треба да го зголемиме производството, да воведеме одредени стандарди кои се бараат за извозот, да направиме поголем обем за финални производи, да не извезуваме сирови, туку финални производи.

Хајредини не очекува владата да преземе некакви мерки за намалување на трговскиот дефицит.

„Не можеш да очекуваш од премеир кој вели дека дефицитот е позитивен да преземе нешто друго.“

Само во трговијата со тутун и пијалоци Македонија остварила позитива од 140 761 долар.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG