Достапни линкови

logo-print

Нимиц во Атина со старо-нов предлог за името


Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц, денеска во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.
Повикувајќи се на дипломатски извори „Та Неа“ пишува дека Нимиц нема да поднесе предлог кој драматично ќе се разликува од идеите кои досега биле предложени.
„То Вима“ тврди дека ќе се разговара за идеите кои им биле предложени на претставниците на двете страни на последната средба во Њујорк во ноември минатата година. Весникот потсетува дека последните три предлози за решавање на името биле „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Горна Македонија“ за кои Скопје изразило остри забелешки поради поставувањето на географската одредница пред зборот „Македонија“.
XS
SM
MD
LG