Достапни линкови

logo-print

120 повредени во верска процесија во Филипини


Најмалку 120 лица се повредени за време на годишната католичка поворка во Филипини. Полицијата соопшти дека околу 500.000 луѓе тргнале од паркот Ризал во Манила, а толпата постепено се зголемувала и достигнала околу милион луѓе. Верниците учествуваат во процесијата за статуата на Исус за која се верува дека била донесена во Филипини од Мексико од страна на шпански свештеник во 1606. Статуата е монтирана на рингишпил и таа се влече од страна на толпата од Манила до својот дом во црквата Гуапо. Секоја година за време на процесијата луѓето налетуваат едни со други во обидот да ја допрат статуата за која веруваат дека може да се излечи болести.
XS
SM
MD
LG