Достапни линкови

Дополнителни средства за оружје на Јапонија


Јапонското министерство за одбрана ќе добива дополнителни две милјарди долари за купување на оружје годинава. Министерството најави зголемено финансирање соопштувајќи дека тоа ќе се користи за купување на проектили, борбени авиони и хеликоптери.
Јапонија подолго време го има територијалниот спор со Кина во врска со група на ненаселени острови, а се зголемија и проблемите со Северна Кореја откако Пјонгјанг тестираше и лансираше ракета што ги надлета јужните јапонски острови.
Новиот премиер на Јапонија Шинзо Абе веќе најави дека повеќе средства ќе одат кон одбраната. Тоа е, наводно првпат во изминатите 11 години Јапонија да ги зголеми трошоците за војската.
XS
SM
MD
LG