Достапни линкови

logo-print

Ќе добие ли виза предлогот на Црвенковски?


Техничка влада која во исто време ќе организира локални и предвремени избори е клучниот услов за кој Црвенковски побарал мислење од проширениот Централниот одбор. Според извори во партијата, имало поделени ставови околу тоа дали СДСМ треба воопшто да поставува услови или да остане доследна на своите најави и да оди на бојкот. На маса се нашол и условот што го имаа социјалдемократите пред минатите предвремени парламентарни избори, а тоа е рамномерна распределба на парите за реклами. Црвенковски побарал и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг.
Друг формат на Влада што би требало да ги организира изборите социјалдемократите и официјално побараа.
Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање ги повика опозиционерите да се вратат во Собранието и да учествуваат на изборите, кој како што рече ќе бидат фер слободни и демократски, како претходните. Од партијата на Ахмети сметаат дека нема логика опозицијата да бара техничка или каква и да е влада, бидејќи граѓаните се изјасниле пред година и пол, кој сакаат да ги води. Идејата за бојкот е неприфатлива и за албанската опозициja.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека веднаш по божиќните празници ќе ги распише локалните избори. Во собранието велат дека се уште не знаат кога Вељаноски ќе го стори тоа. Доколку неделава ги распише изборите, тогаш според законските прописи од денот на денесувањето одлука за одржување избори до денот на нивото одржување не смеат да поминат повеќе од 90 дена а помалку од 70 што значи дека тие би требало да се оддржат меѓу 24 март и 14 април.
XS
SM
MD
LG