Достапни линкови

logo-print

Одложено заседанието за Косово меѓу српската влада и претседателот


Архивска фотографија: Средба на претставници на српската влада и претседателот Томислав Николиќ со косовските Срби.

Архивска фотографија: Средба на претставници на српската влада и претседателот Томислав Николиќ со косовските Срби.

Планираното за денеска заседание меѓу српската Влада и претседателот Томислав Николиќ за разгледување на државанатa платформа за Косово и прифаќање на предлог-резолуцијата, која треба да се стави на гласање во Парламентот, е одложено за утре. На средбата, Владата треба да прифати два текста - предлог резолуција, која е обврзувачки документ и треба да се гласа во Парламентот и платформа за Косово.

Според информацијата на Танјуг, членовите на српската Влада синоќа го добиле текстот на предлог-резолуцијата, подготвена од кабинетот на претседателот. Текстот сè уште е во процес на преработка. Спорно е дали конечниот текст на резолуцијата да се повикува на платформата за Косово или да се избегне формалното спомнување на овој документ.

Предлог-резолуцијата е составена од пет точки, од кои едната гласи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Во останатите точки се наведува дека дијалогот со Приштина ќе продолжи и секој чекор напред во овој дијалог треба да биде спроведен со напредокот на Србија во евроинтегративниот процес. Треба да се определи статусот на Северно Косово, каде живеат главно Срби и да се обезбедат специјални гаранции за личните и колективни права на косовските Срби јужно од реката Ибар.
XS
SM
MD
LG