Достапни линкови

Насилството - болка на Охрид


Илустрација: Охрид.

Илустрација: Охрид.

Во Охрид за само неколку денови се случија неколку инциденти кои предизвикаа вознемиреност кај охриѓани. Началникот на СВР Охрид вели дека приоритет во работењето ќе му биде сузбивање на насилството, кое според него, е болка на Охрид.

За само неколку дена во Охрид се случија неколку инциденти кои предизвикаа вознемиреност кај охриѓани. Од менувачница во центарот на градот беше украден златен накит во вредност од 100.000 евра, кога две маскирани лица под закана со оружје од вработената ги одзеле вредните предмети.

120.000 евра беа одземени од сопственик на менувачница среде бел ден. Настанот се одвивал како во филмовите кога автомобил го удрил сопственикот на менувачницата , еден од напаѓачите излегол и му ја одзел торбата во која се наоѓале парите. На крајот од 2012 година имаше и обид за киднапирање. Началникот на СВР Охрид, Зоран Сарафилоски најави дека приоритет во работењето ќе му биде сузбивање на насилството.
Приоритет на мене како началник ќе биде да го сузбиеме насилството, кое ни е една болка во Охрид, каде јас како началник ќе преземам одговорност заедно со менаџментот да се справам со тие насилници.

„Приоритет на мене како началник ќе ми биде да го сузбиеме насилството, кое ни е една болка во Охрид, каде јас како началник ќе преземам одговорност заедно со менаџментот да се справам со тие насилници. Во тој дел гарантирам беспрекорен успех во работата и ние како тим ќе продолжиме со жестоко темпо на работа за да се справиме со тие кримималци и сузбивање на сите тешки форми на криминал“, рече Сарафилоски.

Сарафилоски најави дека работат на одредени истраги кои ќе бидат завршени во текот на 2013 година.
Зоран Сарафилоски, началник на СВР Охрид.

Зоран Сарафилоски, началник на СВР Охрид.


„Прикривање на одредени работи ќе нема, ќе бидиме објективни. На насилството во летниот период му се дава голем приоритет, а јас како началник ќе гледам да го анулирам“, рече Сарафилоски.

Портаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски рече 2012 година ја завршиле со висок процент на реализирани кривични дела.
Во Охрид безбедноста е релативно добра, се чуствувам безбеден, но сепак треба да се подобри безбедноста после сите овие случувања со кражби. Полицијата повеќе треба да има свои вработени по улиците.

„Таа бројка изнесува 61 процент. Ова претставува една висока бројка во однос на реализација на сите кривични дела и покрај тоа што во 2012 година имаше пораст на кривичните дела за 3 отсто. Ние имаме зголемување на класичниот криминалитет од 1 отсто“, рече Димовски.

Граѓаните велат дека безбедноста мора да се подигне на повисоко ниво.

„Во Охрид безбедноста е релативно добра, се чуствувам безбеден, но сепак треба да се подобри безбедноста после сите овие случувања со кражби. Полицијата повеќе треба да има свои вработени по улиците“, вели еден граѓанин.

„Се чуствувам безбедно, но треба да има поголемо присуство на полиција по ноќните клубови и истата да реагира за кратко време доколку се случат инциденти“, вели еден помлад жител на Охрид.
XS
SM
MD
LG