Достапни линкови

Десетина уапсени во голема акција против шверц со дрога


Илустрација.

Илустрација.

Десетина луѓе се приведени во досегашниот тек на голема полициска акција за апсење на луѓе поврзани со недозволена трговија со дрога, соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Акцијата се спроведува во соработка со австриската полиција. Со оглед на тоа што полициската акција сè уште трае, Јанкулоска рече дека не може да се дадат повеќе информации. Таа најави дека кога ќе се завршат сите претреси и ќе бидат обезбедни сите луѓе по кои се трага, МВР ќе излезе со детални информации.

Апсењата почнаа откако на граничниот премин Меџитлија биле запленети околу 350 килограми марихуана. Освен во скопското село Арачиново и населбата Ченто, акцијата се спроведува и во други градови низ Македонија.

Според првичните информации, операцијата е продолжение на полициската акција „Диригент“, во јавноста позната како „Франкфуртска мафија“, која почна во 2010 година за разбивање на организирана меѓународна мрежа за трговија со дрога во Виена и во Франкфурт.
XS
SM
MD
LG