Достапни линкови

logo-print

Иран со надеж, Израел со загриженост гледа на номинирањето на Хејгел


Чак Хејгел, предлог на претседателот Барак Обама за нов секретар за одбрана.

Чак Хејгел, предлог на претседателот Барак Обама за нов секретар за одбрана.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека се надева оти назначувањето на поранешниот републикански сенатор Чак Хејгел за американски секретар за одбрана ќе ги подобри односите меѓу Техеран и САД. Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот на иранската дипломатија Рамин Мехманпараст рече дека Техеран се надева дека ќе има „практични промени“ во американската надворешна политика. Спикерот на израелскиот Парламент Рувен Ривлин во меѓувреме изјави дека номинацијата на Хејгел е причина за загриженост за Израел. Хејгел е познат како критичар на Израел и како човек што се залага за дијалог со Иран. Влијателни конгресмени од Републиканската партија во САД изразија незадоволство од изборот на претседателот Барак Обама за шеф на Пентагон, сигнализирајќи дека ќе има остра расправа за време на сослушувањето на Хејгел во Сенатот. За да стапи на функција, тој треба да добие поддршка од Горниот дом на американскиот Конгрес. САД и другите западни сили се соменваат дека Иран развива нуклеарно оружје, но Техеран негира.
XS
SM
MD
LG