Достапни линкови

logo-print

Ослободен единствениот приведен за нападите во Бенгази


Нападите врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази.

Нападите врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази.

Пуштен на слобода е единствениот приведен за поврзаност со нападите врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази. Тој е ослободен условно и не смее да го напушти главниот град на Тунис, затоа што се соочува и со обвиненија за членување во „терористичка организација во странство“. Адвокатот на осомничениот Тунижанец Али Харзи, изјави дека тунискиот суд го ослободил неговиот клиент поради недостиг од докази. Осомничениот беше уапсен во Турција по нападите во Бенгази на 11 септември минатата година, во кои беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци. Уапсениот беше екстрадиран во Тунис под обвиненија за членување во „терористичка организација во странство“. Властите рекоа дека има „голем сомнеж“ и за негова вмешаност во нападите во Либија. Минатиот месец тој беше испрашуван од претставници на ФБИ во присуство на туниски судија.
XS
SM
MD
LG