Достапни линкови

logo-print

На поповите и политиката им оди од рака


Архиепископот на МПЦ г.г Стефан на божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Архиепископот на МПЦ г.г Стефан на божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Верските празници не ретко се користат од верските лидери за испраќање на политички пораки. Познавачите на верските прилики велат дека верските прашања треба да третираат одвоено од политичките, а мешањето секогаш било деструктивно.

И на најголемиот христијански празник, низ пораките на верските лидери се слушаа политички пораки. Па така Црквата не потсети и на 100 годишнината од Букурешкиот договор, но не повика и на цврсто застанување во одбрана на интегритетот и името на татковината. Не е невообичаен случај за балкански услови, но токму поради последиците кои ги предизвикувале како и поради социјалната структурата и односи во транзициските општества, какво што е и македонското, со право се наметнуваат прашањата колку ваквите обиди на црквата водат кон интеграција или кон понатамошни поделби, велат експертите.
Треба да се има предвид дека тие повеќе се насочени за домашната јавност и за верничката структура, отколку што реално можат да придонесат за политички решенија. Можат да претставуваат основа или да се користат како алиби евентуално во решенијата кои не се секогаш според очекувањата.

„Исто така треба да се има предвид дека тие повеќе се насочени за домашната јавност и за верничката структура, отколку што реално можат да придонесат за политички решенија. Можат да претставуваат основа или да се користат како алиби евентуално во решенијата кои не се секогаш според очекувањата“, посочува професор Цане Мојановски.
Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г Стефан.

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г Стефан.


Врската меѓу црквата и политиката е очигледно блиска во македонското општество, вели професор Илија Ацески, па оттука говорите на верските лидери се повеќе личат на политички говори што не може да најде свое место и значење во една демократија. Последиците можат да бидат сериозни, додава Ацески.

„Како прво во смисла на создавање на една нетрпеливост меѓу останатите. Второ како црквата да презема врз себе решавање на политички проблеми, што е исто така една неразбирлива конотација во овој контекст. “

Верските прашања треба да се третираат одвоено од политичките, а мешањето секогаш било деструктивно, додава Ацевски особено на нашиве простори. Проблемот според него е и во тоа што партијата која е на власт не ретко во Македонија како да бара поддршка во МПЦ, а верските говори се ставаат дури и во контекст на политичко алиби во рамките на градењето одреден став по клучните политички прашања за кои се сака да се изгради или претстави соодветен впечаток за општото расположение.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG