Достапни линкови

Депардије не се појави на суд во Париз


Жерар Депардије

Жерар Депардије

Францускиот актер Жерар Депардије денеска не се појавил на судењето во Париз по повод истрагата дека возел во пијана состојба. Тој вчера беше во Цирих на доделувањето „Златна топка 2012“. Депардије во миниот ноември бил запрен бидејќи пијан возел скутер и неколку часови минал во специјална установа за трезнење. 63 годишниот Депардије деновиве лично од рускиот претседател Владимир Путин доби руски пасош, откако се закани дека ќе се откаже од францускиот поради зголемувањето на даноците за најбогатите французи. Француските власти планираат годинава да воведат данок од 75 насто за богатите чиј годишен приход им е над милион евра.
XS
SM
MD
LG