Достапни линкови

Чавез во стабилна здравствена состојба


Венецуелскиот министер за информации Ернесто Виљегас

Венецуелскиот министер за информации Ернесто Виљегас

Венецуелскиот министер за информации Ернесто Виљегас синоќа изјави дека претседателот Уго Чавез е во стабилна здравствена состојба. Чавез веќе еден месец е во болница на Куба каде што е на третман по четвртата операција од рак. Во меѓувреме, претседателот на Националното собрание Диосдадо Кабељо за 10 јануари, денот кога е предвидено Чавез да даде заклетва пред третиот мандат како шеф на државата, повика на масовен митинг на поддршка. Опонентите на Чавез, повикувајќи се на уставни одредби, бараат нови избори со оглед на тоа што тој не може да ја извршува функцијата.
XS
SM
MD
LG