Достапни линкови

Ватикан загрижен од радикалниот исламизам во Албанија


Тирана

Тирана

Католичката црква изразува загриженот од начинот на кој продира радикалниот исламизам во Албанија. Во извештајот на монсињор Ангело Масафра од епархијата во северниот албански град Скадар, меѓу другото, се наведува дека исламскиот радикализам ја вознемирува и самата муслиманска заедница и оти имало големи финансии од Саудиска Арабија и од Турција. Илир Куља, поранешен прв човек на Асоцијацијата на верските заедници, смета дека последниот попис на населението во Албанија е уште еден начин повеќе да се забрза радикализмот. Според него, новиот исламски Универзитет, отворен со одлука на Владата во Тирана ќе служи за собирање на младите муслимани, за да „немаат потреба да одат да се школуваат на друго место и да се асимилираат со туѓа догма“.
XS
SM
MD
LG