Достапни линкови

Јапонија-Кина: спорните острови повторно актуелни


Јапонското министерство за надворешни работи денеска го повика кинескиот амбасадор за да му врачи „остар протест“ против присуството на кинески бродови во водите околу групата спорни острови Сенкакус. Со овој потег новата националистичка влада на премиерот Шинзо Абе прв пат официјално го покренува прашањето со Кина.
Во соопштението на министерството се вели дека заменик-министерот Акитака Саики на средбата со амбасадорот Ченг Јонгуа изразил остар протест поради тоа што кинески јавни бродови влегле и останале долго време во јапонски територијални води и побарал вакви инциденти да не се случуваат повторно.
XS
SM
MD
LG