Достапни линкови

logo-print

Убиени 8 милитанти во Пакистан


Најмалку 8 милитанти биле убиени во одвоени напади со беспилотни летала во племенската област во Пакистан. Анонимни претставници на пакистанските безбедносни служби рано изутринава потврдија дека леталата истрелале проектили врз седиште на милитанти во селото Хајдер Хел во Северен Вазиристан, убивајќи петмина. Тројца милитанти биле убиени во нападот врз селото Хасохел, недалеку од Хајдер Хел.
Оваа област е позната како упориште на Талибанците и на терористи поврзани со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG