Достапни линкови

Николиќ - ЕУ го покажа своето вистинско лице


Српскиот претседател Томислав Николиќ на божиќна литургија во Белград.

Српскиот претседател Томислав Николиќ на божиќна литургија во Белград.

Српскиот претседател Томислав Николиќ рече дека ЕУ не го положила испитот и не му дозволила да го прослави Божиќ таму каде што е најтешко - на Косово и оти тоа ќе биде основа за идните преговори.

„ЕУ мора добро да размисли кога ја убедува Србија дека е статусно неутрална и дека сака да помогне сите да живееме подобро, но денеска всушност го покажа своето вистинско лице“, рече Николиќ.

Српскиот претседател изјави дека ваквиот став на Унијата ќе биде основа за преговорите.

„Ова е всушност да се биде или не - дали претседателот може да оди на територијата на Косово или не и зошто тогаш ние преговараме? Јас не побарав да одам во политичка мисија, туку во верска мисија, но таму нема луѓе кои веруваат во Господ“, рече Николиќ.

Запрашан дали повторно ќе побара дозвола да го посети Косово, тој одговори дека нема да бара дозвола за која знае дека повеќе никој никогаш нема да му ја даде.

Николиќ рече дека од албанските власти во Приштина не ни очекувал да му дозволат да го прослави овој христијански празник со дел од народот, но дека европската заедница е таа која не го положила испитот.
XS
SM
MD
LG