Достапни линкови

Врховниот суд ги потврди казните за 13 бахреински опозиционери


Архивска фотографија: Протести во Бахреин.

Архивска фотографија: Протести во Бахреин.

Врховниот суд на Бахреин ги потврди казните за 13 опозиционери обвинети за обид за соборување на власта за време на протестите во 2011 година. Осудените веќе немаат право на жалба. Овие 13 се дел од 20 осудени на затворски казни од пет години до доживотно од специјалниот воен трибунал за нивната вмешаност во протестите на шиитското мнозинство против сунитското кралско семејство. Апелациониот суд во септември ги потврди казните за сите 20, а овие 13 се жалеа пред Врховниот суд. Во февруари 2011 година во Бахреин имаше големи опозициски протести. Властите велат дека зад протестите стоел Иран. Бахреин е седиште на Петтата флота на Американската морнарица.
XS
SM
MD
LG