Достапни линкови

Борисов против изградба на нуклеарката во Белене


Белене.

Белене.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека ќе побара од членовите и симпатизерите на неговата десно ориентирана партија ГЕРБ на референдумот за изградба на втората нуклеарна централа во земјата во Белене, закажан за 27 јануари, да гласаат „против“. Борисов се залага за изградба на нови реактори во постоечката централа „Козлодуј“ и за зголемување на капацитетите на двата реактори, кои во моментов се активни во нуклеарката.

Референдумот го иницираше социјалистичката опозиција, откако во март минатата година Владата на Борисов го поништи договорот со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на нова нуклеарна централа во Белене во северозападна Бугарија, која би имала моќност од две ијлади мегавати. Одлуката на „Атомстројекспорт“ да ја тужи официјална Софија пред Меѓународниот арбитражен суд во Париз за отштета од една милијарда евра ја принуди бугарската Влада подоцна да најави дека би можела повторно да го покрене проектот, но како приватна инвестиција.
XS
SM
MD
LG