Достапни линкови

Околу 50 новозаболени од рак на дојка годишно во Битола


Илустрација: Имплант за гради.

Илустрација: Имплант за гради.

Преглед на дојки треба да се прави тогаш кога нема симптоми, зашто кога ракот е откриен во рана фаза, во 90 отсто од случаите е излечив, велат лекарите.

Се прават обиди за проширување на радиолошката терапија во Битола и подигање на свеста на битолчанки за навремени прегледи како превенција од ракот на дојка, болеста која најчесто ги напаѓа жените од овој град. Статистиката покажува дека секоја недела се дијагностицира нова пациентка со канцер на дојка. Досега, заболените примаа хемотерапија во Центарот за онкологија во Битола, а се зрачеа во Скопје.
Набавивме нови два акцелератори. Едниот ќе биде инсталиран во клиничката болница во Штип, а другиот во Битола. Проектот веќе се работи. Очекувам камен темелникот на овој објект т.н. бункер да биде за месец до два, а во клиничката болница во Битола да профукционира за четири до пет месеци.

Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека на 500.000 жители, според медицинските стандарди треба да има четири акцелератори за зрачење. Поаѓајќи од ова, набавен е акцелератор и за битолската болница.

„Набавивме нови два акцелератори. Едниот ќе биде инсталиран во клиничката болница во Штип, а другиот во Битола. Проектот веќе се работи. Очекувам камен темелникот на овој објект т.н. бункер да биде за месец до два, а во клиничката болница во Битола да профукционира за четири до пет месеци“, изјави Тодоров.

Во Битола на годишно ниво има по 50-тина новозаболени пациентки од канцер на дојка. Градот се најде на агендата на така наречениот „розов караван“ на невладината организација „Борка“, кој има за цел подигање на свеста на жените за редовни прегледи.

„Реално, ракот на дојка не може да се превенира, но може да се детектира во ран стадиум каде што преживувањето е над 98 проценти кај жени што го откриле во ран стадиум. Им треба на жените да ги потсетиме да се грижат сами за себе. Имаше, после петтата национална конференција на „Борка“, се јави жена и рече ништо не чувствував, но по конференцијата отидов на преглед и ми најдоа рак 7 милиметри, ми го спасивте животот“, вели Биба Додева од НВО „Борка“.

Македонската жена нема навика редовно да оди на прегледи за дојите, вели доктор Наде Петанова, специјалист радиолог.

„За жал тоа сè уште не е во задоволителен број. Ние секогаш зборуваме дека за ракот на дојката најбитни се раните и благовремени прегледи. Жените од Македонија главно доаѓаат на преглед тогаш кога имаат мака, кога имаат некаков симптом, болка. Се обидуваме да ги научиме дека преглед на дојки треба да се прави тогаш кога нема симптоми зашто само тогаш може да се открие многу ран стадиум на канцер. Тогаш, во над 90 отсто од случаите кога е така откриен, е излечива болеста“, вели Петанова.

Алармантен е податокот што во просек во Македонија на годишно ниво се откриваат нови 700 случаи на заболени од рак на дојка.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG