Достапни линкови

Хегел за Пентагон, Бренан за ЦИА


Џон Бренан.

Џон Бренан.

Се очекува претседателот Барак Обама да го предложи поранешниот републикански сенатор Чак Хегел за нов секретар за одбрана, а советникот на Обама за анти-тероризам Џон Бренан веројатно ќе биде нов директор на ЦИА. Американските медиуми, повикувајќи се на неименувани високи извори, објавија дека Обама денеска ќе ги соопшти номинациите.

Хегел е ветеран од војната во Виетнам, остар критичар на Израел и се залага за дијалог со Иран.

Бренан, кој помина 25 години во ЦИА, одигра клучна улога во плановите за убиството на лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен. Обама размислуваше да го назначи за директор на ЦИА уште на почетокот на неговиот прв мандат по изборите во 2008 година, но Бренан се повлече по обвинувањата за вмешаност во програмата за тортура на затвореници при испрашување за време на администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

За да стапат на фунцкциите, Хегел и Бренан мора да добијат поддршка од мнозинството во Сенатот.
XS
SM
MD
LG