Достапни линкови

logo-print

Божиќен концерт на Нацоски и Таламанка со „Скопски солисти“


Дела од големите светски композитори како Моцарт, Бизе, Хендл, Штраус, Шуберт и други, ќе бидат изведени на традиционалниот Божиќен концерт на „Скопски солисти“, на кој утревечер од 20 часот во Универзална сала, како гости ќе настапат нашиот тенор Благој Нацоски и една од најдобрите светски сопранистки Италијанката Марчела Орсати Таламанка.

Камерниот оркестар „Скопски солисти“, во чест на големиот христијански празник и пожелуваната празнична атмосфера, и годинава за љубителите на класичната музика со одбрана програма за својот традиционален „Божиќен концерт“.
Ќе изведеме дела од Респиги, Хендл, Моцарт, Шуберт, Адам, Грубер, Штраус...и секогаш внимаваме програмата да биде празнична, прифатлива, убава и публиката да ужива во неа, се* со една цел на тој начин да ја доловиме пожелуваната атмосфера. Верувам дека и годинава ќе успееме во таквите наши намери.

„Ќе изведеме дела од Респиги, Хендл, Моцарт, Шуберт, Адам, Грубер, Штраус...и секогаш внимаваме програмата да биде празнична, прифатлива, убава и публиката да ужива во неа, се* со една цел на тој начин да ја доловиме пожелуваната атмосфера. Верувам дека и годинава ќе успееме во таквите наши намери“, истакнува обоистот Васил Атанасов, еден од основачите и уметнички раководител на ансамблот кој во 2000 година беше формиран по примерот на загребските, софиските и другите слични оркестри на Балканот и со интенција да ја презентира камерната музика, со истакнато чувство и респект кон македонското музичко творештво.
Васил Атанасов.

Васил Атанасов.


Шуберт кога ја напишал, ја напишал на германски јазик и не била посветена на Богородица, туку на една жена. Потоа традицијата направила таа да се препее на латински со вообичаениот текст за Богородица што значи дека не е оригинална. Си дозволив и јас да ја преведам, односно да ја препеам на македонски, така што ќе биде изведена една строфа на латински и една на македонски јазик. Претпоставувам дека тоа ќе биде за прв пат во Македонија. Не се сеќавам дали некој друг досега направил такво нешто.
Но она што му дава особен белег на овој „Божиќен концерт“ е присуството на неколку реномирани имиња кои на сцената на Универзална сала ќе бидат придружувани од „Скопски солисти“. На Благој Нацоски, најафирмираниот македонски оперски пејач во светот и тенорот кој цела една декада ги освојува оперските сцени ширум светот, ова ќе му биде втор настап со ансамблот со кој своевремено пеел во миговите кога ја почнувал својата импресивна изведувачка кариера. Тој истакнува дека овојпат ќе изведе дела со кои ќе се обиде да ја долови празничната атмосфера и притоа како посебност ја издвојува аријата од ораториумот „Месија“ со која што се најавува Христовото доаѓање и композиција што не ја пее често, но на која секогаш кога и се навраќа тоа го чини со посебно задоволство. Сепак, како што вели Нацоски, во случајов го радува реализирањето на идејата што му се родила неодамна – да посегне по Шубертовата класика „Аве Марија“ на самосвоен начин.

„Шуберт кога ја напишал, ја напишал на германски јазик и не била посветена на Богородица, туку на една жена. Потоа традицијата направила таа да се препее на латински со вообичаениот текст за Богородица што значи дека не е оригинална. Си дозволив и јас да ја преведам, односно да ја препеам на македонски, така што ќе биде изведена една строфа на латински и една на македонски јазик. Претпоставувам дека тоа ќе биде за прв пат во Македонија. Не се сеќавам дали некој друг досега направил такво нешто.“

Покрај Нацоски, ексклузивитет на ова случување ќе му даде и присуството на една од најдобрите светски сопранистки од поновата генерација - Марчела Орсати Таламанка. Италијанката со своите маестрални изведби на големите дела буквално царува на оперските сцени не само во својата татковина, туку и во Франција, Швајцарија, Германија и во другите земји од Стариот континент.

Диригентската палка на годинешниот „Божиќен концерт“ му е доверена на нејзиниот сонародник маестро Алесандро Д’ Агостини, кој покрај оперските продукции диригирал и на бројни симфониски концерти со извикани оркестри ширум Европа, а на нашата јавност и е познат како редовен гостин на Македонската опера и балет. Тој раководеше со оркестарот во неколку познати оперски дела како: „Тоска“, „Турандот“, „Аида“, „Севиљскиот берберин“, „Кармина Бурана“ и беше диригент и на Јубилејниот балетски концерт во 2010 година.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG