Достапни линкови

Скептизицам пред посетата на Нимиц


Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 20 ноември 2012 во Њујорк.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 20 ноември 2012 во Њујорк.

Медијаторот Метју Нимиц доаѓа во посета на Скопје и Атина. По последните настани во земјава кај аналитичарите расте скептицизмот за можен напредок во преговорите за името.

Одговори на последните предлози или нови идеи за решавање на спорот за името? Ова се наметнува како главно прашање во пресрет на пристигнувањето на медијаторот Метју Нимиц во Атина и Скопје. Дел до експертите сметаат дека Нимиц не носи нов пакет на идеи, туку дека доаѓа да ги види реакциите на грчките и македонските власти за неговите последни предлози.
Консензус внатрешен, домашен околу овој проблем тешко да се очекува, особено после овие дебати околу буџетот и конфронтираноста тотална, такво нешто не изгледа ни веројатно, а камоли можно.

Неговата посета доаѓа по ноемвриските разговори во Њујорк, со претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за решавање на спорот, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Тогаш по средбата Нимиц изјави дека дал неколку сугестии и препорака до властите од двете страни, сериозно да ги разгледаат.
Средба на претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц во вила „Билјана“ Охрид, Македонија

Средба на претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц во вила „Билјана“ Охрид, Македонија


Но по последните настани во земјава кај аналитичарите расте скептицизмот за можен напредок во преговорите за името.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, вели дека речиси е неверојатно да се очекува дека за македонскиот државен врв ќе биде прифатлив кој било од предлозите на Нимиц. Тој додава дека е тешко веројатна можноста да се постигне внатрешен консензус околу проблемот за името во блиска иднина со оглед на случувањата.
Влошување на ситуацијата внатре е практично спас за Груевски и за владата која секако ќе се повикува на тоа дека ситуацијата не е поволна, што значи дека тој ќе се „извлече“ на ова што сега го прави опозицијата. Ова е во негова полза, не е во полза на државата.

„Консензус внатрешен, домашен околу овој проблем тешко да се очекува, особено после овие дебати околу буџетот и конфронтираноста тотална, такво нешто не изгледа ни веројатно, а камоли можно.“

Аналитичарот Мерсел Биљали вели дека моменталната политичка криза дополнително ги влошува позициите на македонската страна во преговорите за името.

„Факт е дека внатрешната политичка ситуација во државата ја влошува позицијата, така што на власта и дава повеќе причина во насока на тоа дека проблемот треба да се одложи за некое идно, помирно време. Овие настани ја деградираат позицијата во однос на решавањето на проблемот со името.“

Тој додава дека од друга страна во ваквата ситуација, особено доколку се влоши ситуацијата на внатреполитички план, најмногу ќе профитира власта.

„Влошување на ситуацијата внатре е практично спас за Груевски и за владата која секако ќе се повикува на тоа дека ситуацијата не е поволна, што значи дека тој ќе се „извлече“ на ова што сега го прави опозицијата. Ова е во негова полза, не е во полза на државата.“

Додека во македонските медиуми нема информации за конкретни очекувања од посетата на Нимиц, во грчките медиуми се шпекулира дека тој овој пат ќе дојде со нов сет идеи кои кај грчката власт не влеваат оптимизам за изнаоѓање на компромисно решение.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG